Борка Михајловиќ е горда мајка на српската пејачка Александра Пријовиќ, а поради популарноста на својата ќерка и самата често привлекува внимание.
Борка ја доби Александра од бракот со нејзиниот татко Недељко, од кого се разведе додека Пријовиќ била девојче. А сега е повторно емоционално исполнета.
Партнерот на Борка Михајловиќ е нејзиниот колега пејач Фахрудин Буљубашиќ, а нивната љубов трае веќе неколку години.
Борка и Фахрудин се среќно вљубени, а Александра не само што ја поддржува својата мајка да биде емоционално исполнета, туку и исклучително го цени нејзиниот избор и многу често поминува време во друштво на Фахрудин.
Поврзани објави
Фахрудин често споделува фотографии со Борка на својот инстаграм-профил, а една од поинтересните е онаа од летувањето, каде што тој позира без маица, а Борка носи качулка на главата и очила за сонце.
Освен тоа, Фахрудин важи за исклучително маркантен маж и неговата мажествена појава ретко кого остава рамнодушен.
– Јас би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да биде како што треба. Но, кога би можела да избирам, би сакала девојче – искрено рекла тогаш Александра за српски „Блиц“.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/fahrofaks_official/