Денес на 28 август православните верници го празнуваат Успението на Пресвета Богородица, во народот познато како Голема Богородица. Празникот е посветен на Мајката Божја и се смета за еден од најзначајните датуми во православниот календар.
Голема Богородица е празник со силна духовна и народна традиција, а овој ден во многу семејства се одбележува и како именден.
Најчесто именден слават оние што ги носат имињата поврзани со Пресвета Богородица, пред сè:
Марија, Маријана, Маријана, Маријан и Марјана.
Празникот се поврзува со Успението на Богородица – нејзиното заминување од земниот живот и преминување во вечниот живот. Според црковното предание, по воскресението и вознесението на Христос, Богородица останала во Ерусалим, каде што живеела во молитва и грижа за христијанската заедница.
Во Македонија Голема Богородица се празнува со посебна почит. Во бројни храмови се одржуваат богослужби, литургии и црковни собири, а верниците се молат за здравје, мир и благосостојба на своите семејства.
За многумина овој празник е и можност за семејно собирање, честитање на имендените и продолжување на традициите што со генерации се пренесуваат од една на друга генерација.
На сите кои го слават именденот – честит именден и нека е за многу години!