Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа со реализација на
тековните викенд-активности за собирање и транспорт на отпадот од
поставените контејнери и канти во сите скопски општини, како и одржување
на хигиената на јавните и сообраќајните површини.
Активностите се одвиваат и во централното градско подрачје – на улицата
и плоштадот Македонија, како и на кејот „13 Ноември“, каде што се врши
рачно метење и празнење на корпите наменети за одлагање ситни отпадоци,
додека истовремено се реализира и рачно метење под надвозникот на
булеварот Гоце Делчев.
Воедно во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието извршија
подигнување и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви
депонии лоцирани на улиците Mетодија Митевски, Вуковарска и Благоја
Паровиќ во скопската општина Чаир.