Почетна ВестиЗаев за „Слободен печат“: Никогаш се немам сретнато со таков човек, Тал Дилијан, ниту пак разговарано за „Предатор”

Заев за „Слободен печат“: Никогаш се немам сретнато со таков човек, Тал Дилијан, ниту пак разговарано за „Предатор”

од nenad
1 минути читај за




Поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за „Слободен печат“ вели дека никогаш не се сретнал со Тал Дилијан, поранешниот израелски воен разузнавач кој во земјава се поврзува со фирмата „Сајтрокс“. Фирмата „Сајтрокс“ заврши на црната листа на САД, затоа што од Скопје произведувала софтвер за шпионажа на мобилни телефони „Предатор“, а новинарите од грчки „Инсајд Стори“ пишуваат дека инвестицијата на Тал Дилијан во скопски „Сајтрокс“ во 2017 година, следувала откако се сретнал со тогашниот премиер Заев. Но, Заев демантира дека се видел со Тал Дилијан или дека кога било разговарал со него за софтвер за следење на комуникациите.

   

-Сега видов и слики на интернет од тој човек што ми го пишувате, затоа што знам дека немам воопшто држено состаноци со луѓе за такви работи. Така да, никогаш се немам сретнато со таков човек, Тал Дилијан. Ниту пак некогаш имам разговарано за софтвер за следење на комуникации. Тоа не е работа на премиер кој презел одговорност да води влада после огромен скандал за незаконско прислушување на граѓаните, кој лично јас го имав разоткриено и објавено во јавноста, изјави Заев за „Слободен печат“.

Тој е сигурен дека државата нема купено таков софтвер ни по неговото заминување од премиерската функција зашто за такви работи домашните безбедносни служби се координираат со партнерите од САД и ЕУ земјите. И ОТА двапати демантираше дека набавила „Предатор“. Премиерот Димитар Ковачевски исто така кажал дека во земјава не се користел „Предатор.