Првиот вагон од товарниот состав кој превезувал фосфорна киселина од Прахов до Шабац синоќа се лизна од пругата Заечар-Књажевац во Србија. Во тек се подготовките за враќање на танкерот на колосек.
Цистерната излета од шините на Вратарница половина час по полноќ, а во составот има 12 вагони.
Товарниот состав превезувал фосфорна киселина од Прахов до Шабац за фабриката „Еликсир“.
Како што наведуваат од српското Министерство за внатрешни работи, немало превртување на составот, оштетување на резервоарот, ниту излевање на фосфорна киселина.
Полицијата и пожарникарите се на терен, а увидот е во тек, соопшти МУП.
Во тек се подготовките за враќање на танкерот на колосек.
Ова е втора несреќа во неколку денови во Србија, претходно цистерна со амонијак се излеа исто така во несреќа со железничка.
