Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески со успех го заврши настапот на Европското првенство во Букурешт, освојувајќи го бронзениот медал.
Ведрана Тунески направи нов голем успех за спортот во Македонија. Туневски на Европското кадетско првенство во таеквондо што се одржува во Романија, го освои бронзениот медал.
Во полуфиналната борба, Тунески загуби од противничка од Полска. На патот до бронзениот медал, таа оствари две убедливи победи од по 2:0 против противничките од Холандија и Шведска.
Ведрана Тунески е членка на таеквондо клубот „Бутел“ и зад себе веќе има европски медали. Таа претходно освои бронза и на Европското пионерско првенство. Овој резултат претставува уште еден значаен успех за македонското таеквондо.
Фото: Принтскрин/Instagram