Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, свештенството, монаштвото, сите православни верници во Македонија и дијаспората им го честита Бгојавление-Водици.
– На поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Македонија и дијаспората сакам да го честитам големиот христијански празник – Богојавление Водици.
По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, симболот на духовното раѓање и спасението, присуствував на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар на Мостот Слобода, кој денеска по 3-ти пат успеа да го фати Христијан Нинески на кој Градот Скопје посакувајќи му успех и среќа традиционално додели златник и икона.
Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и посакувам спокој, добро здравје и радост. Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога, со грижа и внимание за секој. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици! Бог се јави! – напиша Арсовска на Фејсбук.





