Почетна Свет(Фото) Април како јануари: Непрекинато вее снег во Маврово!

(Фото) Април како јануари: Непрекинато вее снег во Маврово!

од nenad
0 минути читај за

Во Маврово во моментов има вистинска снежна идила и силни врнежи од снег, а фотографија од моменталната ситуација објави Фејсбук страната “Маврово”.

Температурите во изминатиот период паднаа значително, на повисоките места има редовни врнежи од снег, а на пониските чести врнежи од дожд.

Според АМСМ засега во Македонија нема непроодни патишта.

Управата за хидро-метеоролошки работи најави дека времето во следните три дена ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец..