Почетна Свет22 македонски државјани побарале помош за враќање од Израел

22 македонски државјани побарале помош за враќање од Израел

од nenad
1 минути читај за

До денес 22 лица побарале помош за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава по конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти Министерството за надворешни работи. Станува збор за македонски државјани, како и членови на нивните потесни семејства.

„Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата“, велат од МНР.

Од Министерството додаваат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.


Post Views: 34

Извор : vesnik-ilinden.com

22 македонски државјани побарале помош за враќање од Израел