Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес посочи дека рускиот претседател Владимир Путин претставува “предатор”, заради што е круцијално Европа да вложи во одбраната.
“Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање.”
“Мораме да го задржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и дека нема да се промени”, рече таа при посетата на полско-белоруската граница со полскиот премиер Доналд Туск.
Во моментов, Фон дер Лајен е на обиколка низ седум држави од источна Европа кои се “на првата линија на фронтот”, со цел да ги увери во поддршката на ЕУ против Русија. Заедно со Туск ја посети полско-белоруската граница и покрај сигнализирањето дека на тоа место има “вооружени белоруски војници”.
Попладнево, Фон Дер Лајен пристигна во Бугарија каде беше пречекана од бугарскиот премиер Росен Жељазков.