Почетна ЕкономијаФон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

од nenad
1 минути читај за

28/02/2025
ВЕСТИ, СВЕТ


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта упатија иста порака на „Х“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски во која велат дека ќе продолжат да работат за праведен и траен мир во Украина“.

„Вашето достоинство и оддава почит на храброста на украинскиот народ. Бидете силни, храбри, бестрашни. Никогаш не сте сами, драг претседателе Зеленски.

Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир“, напишаа Фон дер Лајен и Кошта на „Х“.

Зеленски денеска предвреме ја напушти Белата куќа по жестоката расправија со Трамп пред новинарите во Овалната соба. мс/фото: МИА архива  .

Извор: МИА