Актерите Минди Калинг и Морис Честнат ја објавија листата за номинации за 2025 година, каде криминалистичкиот мјузикл „Емилија Перез“ на Жак Одиар има дури 10 номинации.
Епската повоена драма „Бруталист“ на Брејди Корбет има седум номинации, додека возбудливиот трилер „Конклава“ на Едвард Бергер има шест номинации.
Меѓу номинациите кои изненадија се онаа на Памела Андерсон за најдобра актерка во категоријата драма за нејзината изведба во „Последната филмска девојка“. Другата беше номинацијата на Џејми Фокс за најдобра стенд-ап изведба за неговата специјална „Џејми Фокс: Она што се случи беше“.
Холивудската ветеранка Виола Дејвис и трикратниот добитник на Златен глобус, Тед Денсон ќе бидат добитници на наградата „Сесил Б. Демил“ и на наградата „Керол Барнет“.
Доделувањето на наградите Златен глобус за 2025 година ќе се одржи на 5 јануари и ќе се емитува во живо на „Си-би-ес“.