Адриана Карембеу воодушевила во креација на Ели Сааб на Канскиот филмски фестивал
Словачката манекенка Адриана Карембеу, претходно позната како Адриана Скленарикова, заблескала во сив фустан на дизајнерот Ели Сааб, на премиерата на филмот The History of Sound на Канскиот филмски фестивал. Фустанот претставувал комбинација на лелеави слоеви шифон со нежни светкави детали и проѕирен горен дел.
Адриана, која изградила успешна манекенска кариера во 1990-тите години, а потоа се афирмирала и како актерка и телевизиско лице, покажала безвременска елеганција. На 53 години, таа и понатаму е инспирација и потсетник на прекарот што ја следел низ кариерата – „најдолгите нозе во модниот свет“.
Адриана го достигнала врвот на светското моделство пред дваесеттина години. Таа била ангел на Victoria’s Secret, а во 2006 година била прогласена за најсексапилна жена на светот. Тринаесет години била во брак со поранешната ѕвезда на францускиот фудбал Кристијан Карембеу.
Поврзани објави
Повторно се омажила во 2014 година за ерменскиот бизнисмен Арам Оханијан, со кого добила ќерка Нина. Во декември 2022 објавила дека се разведува.
Инаку, освен во модниот свет, позната е по својот хуманитарен ангажман како амбасадорка на Црвен крст.
ФОТО: Инстаграм