Почетна Убавина и здравјеПејачката ги повика да се обединат! (ФОТО) – Убавина и здравје

Пејачката ги повика да се обединат! (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Три дена пред одржувањето на синоќешниот концерт во Дизелдорф, македонската пејачка ѕвезда Каролина Гочева дознала дека постојано се упатувале апели македонските иселеници да не присуствуваат на настанот. И покрај апелите таа одржа спектакуларен концерт пред илјадници Македонци кои живеат во Германија.

Во видеото кое го објави Makedonier in Deutschland-Македонци во Германија, Гочева ги сподели импресиите од престојот и упати порака до присутните.

-Тие апели биле од македонско друштво од Дизелдорф. Но, ние не треба да сме како нив. Да шириме љубов, да им покажеме како треба. Затоа ќе ве замолам доколку сте во можност присуствувајте на секој настан на Македонци, без разлика од која сфера се. Малку сме и тажно е да не се чуваме. Особено во овој период кога од толку страни сакаат да не згазат, ние сакаме да се газиме себеси – изјави Гочева.


Поврзани објави

– Затоа, ќе ве замолам, доколку сте утревечер слободни, никако да не го пропуштате настанот организиран од мк здружение, на кој настапуваат нашите Зуица и Наум, а и во иднина, не пропуштајте ниту еден настан организиран од Македонци за Македонци– додаде Гочева

·Коментарите за концертот и пораката на Каролина беше прифатена со одушевување кај присутните.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/karolinagocheva/reels/