Почетна МакедонијаУ.Ж. Булачани Гази Баба: Минати се деновите кога Булачани и Раштак се зимо завеани во снег лето без вода

У.Ж. Булачани Гази Баба: Минати се деновите кога Булачани и Раштак се зимо завеани во снег лето без вода

од nenad
1 минути читај за

ПОВЕЌЕ ОД 7 ЧАСА АКТИВНА РАБОТА НА ТЕРЕН.

Поминаа повеќе од 7 часа од почетокот на акцијата за расчистување на снегот од улиците, но поради интензитетот на врнежите од снег активностите сеуште траат и ќе продолжат и во текот на денот.

Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места.

Од рано утрово на терен се приклучија и екипите на ЈКП Гази Баба кои вршат чистење на автобуските постојки и пешачките патеки низ општината.

Од почетокот на акцијата до сега по улиците низ Гази Баба се растурени повеќе од 30 тони сол и ризла.