Почетна ЕкономијаУЈП ја реализира исплатата на повратот од „МојДДВ“

УЈП ја реализира исплатата на повратот од „МојДДВ“

од nenad
1 минути читај за

Управата за јавни приходи ја отпочна исплатата на средствата од повратот на ДДВ за периодот јануари – март 2026 година. Исплатата, информираат од институцијата, се спроведува етапно, согласно динамиката на обработка на налозите и административните проверки.

Со оваа исплата ќе бидат опфатени повеќе од половина милион корисници на системот „МојДДВ“, односно 528.447 граѓани, а вкупната сума што ќе биде вратена изнесува 836 милиони денари.

Од УЈП посочуваат дека кај дел од граѓаните исплатата е привремено одложена поради неточни или неажурирани податоци за трансакциските сметки. Станува збор за 4.968 корисници кај кои е потребна корекција на банкарските информации пред да се изврши трансферот на средствата.

Воедно, 7.560 лица нема да добијат исплата во тековниот циклус бидејќи нивниот пресметан поврат е под минималниот праг од 50 денари. Тие средства автоматски ќе бидат префрлени и пресметани во наредниот квартал.

Од даночната управа ги повикуваат сите корисници редовно да ги проверуваат податоците внесени во апликацијата „МојДДВ“, особено бројот на трансакциската сметка, со цел да се избегнат застои и доцнења при идните исплати.