Елдер истакна дека ужасот што се случи на северот на Газа сега се повторува и на југот од енклавата и дека бомбите паѓаат на секои 10 минути, иако Палестинците се евакуирани во областа од северот, бидејќи израелската армија дала гаранции дека таму ќе бидат безбедни, објави Би-Би-Си.
Елдер додаде дека сега Палестинците во јужниот дел на Газа се изложени на постојана опасност, и тие се веќе исцрпени и уморни од неколкукратните раселувања.Елдер потенцираше дека ниту тој не се чувствува безбедно, а никој друг не може да се чувствува безбедно на југот на Појасот Газа бидејќи, ниту болниците, ниту засолништата не се безбедни места.