Нашиот ултрамаратонец Тони Манев, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја прослави трчајќи точно 178 километри со 8.000 метри искачување во Словенија на Крањска гора и Австриските Алпи, како дел од Julian Alps Trail Run.
Точно во 12 часот на 8 Септември ќе стартува трката организирана од УТМБ од местото Кобарид, во конкуренција од преку 150 тркачи од целиот свет.

Единствениот македонски претставник, кој воедно е првиот Македонец кој ќе се обиде да ја истрча оваа најдолга делница од 178 километри, при што треба да искачи и нешто повеќе од 8.000 метри.
Финишот е предвиден во Крањска гора, а лимитот за да се направи овој подвиг е 60 часа.

