Почетна ПопуларноУдарна вест од Русија: Еден од доскорешните најблиски соработници на Путин оди во затвор?!

Ударна вест од Русија: Еден од доскорешните најблиски соработници на Путин оди во затвор?!

од nenad
1 минути читај за
t

Игор Гиркин, познат и како Игор Стрелков, поранешен човек на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше одговорен за заземањето на Крим, е обвинет за поттикнување екстремистичка активност.

Скај њуз наведува, повикувајќи се на руските агенции Тас и РИА Новости, дека на овој тврд поборник на војната во Украина, кој го обвини Путин за слабост и неодлучност за време на инвазијата, му се заканува затворска казна до пет години доколку биде осуден.

Според судијката на Општинскиот суд Олесја Мендељева, обвинителниот акт против Стрелков е веќе покренат.

Според руските медиуми, обвинетиот побарал рочиштето да се одржи зад затворени врати, но судијата одбил со образложение дека нема основа за тоа.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Стрелков побара од судот да го одведат во домашен притвор.

-Имам ангина пекторис од 2 степен, постојано користам лекови. Јас би сакал да добијам мерка домашен притвор. Смешна е изјавата на истражителите дека можам да избегам во странство. Затоа што бев баран во многу земји и осуден на доживотна затворска казна во Хаг – изјави пред судот поранешниот министер за одбрана на ДНР.

Се потсетува дека сопругата на Гиркин претходно денеска објави дека тој е уапсен во Москва.

Ројтерс известува дека апсењето на Гиркин уследи по колапсот на бунтот во Русија, предводен минатиот месец од друг отворен критичар на Кремљ, Евгениј Пригожин, шефот на платениците на Вагнер.

Гиркин учествуваше во подготовката на руската анексија на Крим во 2014 година и последователно организираше проруски вооружени формации кои ја презедоа контролата врз делови од источна Украина.

Исто така, се потсетува дека Гиркин, познат и како Стрелков, беше осуден во отсуство од холандскиот суд во 2022 година на доживотен затвор за неговата улога во соборувањето на летот MH17 на Малезија ерлајнс над источна Украина во 2014 година.

.