Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски се договорил со италијанскиот второлигаш Тернана, објави новинарот Алфредо Педула од „Газета дело Спорт“.
Тернана повеќе од две недели го бркаше прилепчанецот за да потпише за нив откако му заврши договорот со Удинезе, каде мина четири години, но до официјализација на овој трансфер сепак Несторовски ќе треба да сочека некој ден, зашто прво Тернана ќе мора да се ослободи од вишокот напаѓачи, пред сѐ Ровања и Феранте.
За Несторовски летово беа заинтересирани уште неколку тимови од Серија Б, прво Венеција, па Козенца, но според информациите на Педула, центарфорот сите ги одбил зашто донел одлука да игра во Тернана.
Македонскиот репрезентативец веќе седум години игра во Италија, три години во Палермо каде дојде во летото 2016 година од Интер Запрешиќ за пола милион евра, а потоа четири години во Удинезе, каде дојде како слободен играч после банкротот на сицилијанската гордост.
.