Почетна БалканУапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн – Курир

Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн – Курир

од nenad
1 минути читај за
Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн

Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.

Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.

Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

Извор : Kurir.mk

Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн