Почетна ПопуларноУапсени Србин и Полјак на две македонски граници

Уапсени Србин и Полјак на две македонски граници

од nenad
1 минути читај за
t

Ноќеска во 02.30 часот на Граничниот премин „Пелинце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(31) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на Стоп-листа, односно се бара по телеграма од Интерпол-Австрија.
– Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, велат од МВР.
Вчера во 12.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.С.(54) од Република Полска, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по телеграма од Интерпол.

.