Канадскиот премиер Џастин Трудо дојде во ненадејна посета на Киев каде се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трудо на заедничка прес-конференција објави дека Канада воведува нови санкции против 24 руски државјани и 17 компании.
Како што објави Ројтерс, канадскиот премиер најави и нов пакет воена помош за Украина во вредност од 500 милиони канадски долари (375 милиони американски долари).
Тој исто така рече дека Канада ќе учествува во мултилатерална програма за обука на украински пилоти.
Канадскиот премиер изјави и дека Канада го конфискувала рускиот товарен авион АН-24 кој слета во таа земја минатата година и дека започнала процес за предавање на авионот на Украина.