Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Зајечар – Параќин, во близина на селото Савинац, јавува „Блиц“. Несреќата се случила околу 17:30 часот, при директен судир на два патнички автомобили. Екипи на противпожарната служба морале да ги сечат возилата за да пристапат до телата на жртвите.
Медицинските екипи кои веднаш пристигнале на местото на несреќата, за жал, можеле само да ја констатираат смртта на тројцата настрадани. Полицијата ја обезбедила локацијата и врши детален увид за утврдување на причините за несреќата. Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта.