Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила.
Од МВР за МИА информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.
-Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Пред шест месеци вооружени лица со маски извршија напад врз лице од обезбедувањето на трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиле неколку банкомати во Топанско Поле.
Во трговскиот центар имаше банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани,
