Почетна СценаТРИЧКО: Како и да е, господине Геро, нека ти се множат наградите

ТРИЧКО: Како и да е, господине Геро, нека ти се множат наградите

од nenad
1 минути читај за

Честитки за Геро

Испратив цветни телеграми по повод признанието на МАН за развојот и слободата на новинарството и медиумите во Македонија (не северна).

На добитникот Бранко Геровски и на Ивона Талеска која била доволно концентрирана и благородна да не згреши и наградата да му ја бапне на Љупчо Златев, на пример.

Можеле апликацијата да ја направат на малку подобра графичка основа, како што одговара на грандиозното дело на Кикифрии, вака тоа картонче ми изгледа како кафеански подметнувач за брза храна.

Како и да е, господине Геро, нека ти се множат наградите.

Ќе направиме една спомен соба кај што младите ќе одат и ќе учат какви се говњари истрпела Македонија.

И како можат лесно да успеат во животот.

Дека вредноста е вредност ако има цена.

Дека државата што не може да ја продаде, вреди помалку од секој Македонец.

И обратно.

Нох ајнмал: Честитки!