Почетна Сцена ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА ЌЕ ГО ЗАБАВИ РАСТОТ Македонската економија годинава ќе порасне за 2%, предвиде ЕБОР

ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА ЌЕ ГО ЗАБАВИ РАСТОТ Македонската економија годинава ќе порасне за 2%, предвиде ЕБОР

од nenad
3 минути читај за




Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5%, Албанија и Хрватска 2,5%, Грција 2,4%, Србија 1,8%, Бугарија 1,6%, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5%.

Северна Македонија годинава ќе забележи раст на домашниот бруто производ (БДП) од 2%, а во 2024 од 3%, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива.

   

„Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2%, пред да се зголеми на 3% во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на минималните плати од април 2023 година, зголемувањето на пензиите и ограничувањата на цените на некои основни производи, побарувачката на домаќинствата ќе остане пригушена во 2023 година, бидејќи високите нивоа на инфлација ги намалуваат реалните приходи. Економското забавување на главните трговски партнери ќе се одрази на извозот, додека зголемената неизвесност и заострените услови за финансирање може да влијаат на довербата на инвеститорите“, се наведува во извештајот на ЕБОР за земјава.

ЕБОР очекува економскиот раст во регионот на Западен Балкан да забави до 2% во 2023 година, а наредната да достигне до 3,4%.Од земјите во регионот, најголем економски раст годинава ќе имаат Црна Гора и Косово од 3,5%, Албанија и Хрватска 2,5%, Грција 2,4%, Србија 1,8%, Бугарија 1,6%, а најмал Босна и Херцеговина од 1,5%.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING