Почетна Убавина и здравјеТрикови за совршени млади компирчиња: Вака приготвени се најслатки!

Трикови за совршени млади компирчиња: Вака приготвени се најслатки!

од nenad
2 минути читај за



Добро ќе ви дојдат овие одлични совети

Ако некогаш сте се запрашале зошто младите компирчиња се толку слатки, тоа е така затоа што нивниот шеќер сè уште не се претворил во скроб.

Тоа што ги направи неодоливи е нивниот вкус, како и тенката крцкава кора. Овој вкусен зеленчук може да се најде во сезона од април до јули, што значи дека веќе го има на пазарите и во супермаркетите, но треба да ги јадете сега, бидејќи достапноста им е ограничена.


Поврзани објави

Еве неколку совети како најдобро да приготвите млади компирчиња…
  • Кога одбирате млади компирчиња, најдобро е да одберете цврсти и без оштетувања. Не пречи ако имаат малку земја на нив, бидејќи таа ги штити од оштетувања и пропаѓање. Исто така, оние што не се измиени можат подолго да стојат, а да не скапаат.
  • Младите компирчиња не треба да се лупат, но ако сакате, можете да го направите тоа така што ќе ги избришете со погрубата страна на сунѓерот или со жица за миење садови. Бидејќи кората на младиот компир е тенка, можете да ја јадете.
  • Ако приготвувате салата од компирчиња, варете ги во солена вода, а кога водата ќе зоврие, оставете ги 10 минути во водата што врие, додека омекнат и процедете ги. Варениот компир прелејте го со прелив за салата кратко по варењето за да впие што повеќе вкусови.
  • Компирот можете да го печете и во рерна, а вкусен е и кога се пржи во длабоко масло. Највкусен е кога се пржи во домашна маст.
  • Пред пржењето или печењето, исечкајте го младиот компир така што сите парчиња ќе бидат со иста големина.
  • Исто така, измијте го и добро исушете го со крпа или салвета пред термичката обработка.
  • Младиот компир секогаш чувајте го на темно и ладно место, никако не го чувајте во пластични кеси и не го купувајте во големи количини, бидејќи брзо скапува поради тоа што содржи многу вода.

ФОТО: Freepik