Почетна СценаТренчевска: Разиграно утро обоено во сите бои, музика и песна во детската градинка „13 ноември“-објект Беко!

Тренчевска: Разиграно утро обоено во сите бои, музика и песна во детската градинка „13 ноември“-објект Беко!

од nenad
1 минути читај за

    

Разиграно утро обоено во сите бои, музика и песна во детската градинка „13 ноември“-објект Беко!

👫Поделени во групи со различни активности децата учат преку игра и се социјализираат.
👉Како Влада и Министерство грижата за секое дете ни е приоритет. Преку креирање на соодветни политики, вложување во капитални инвестиции и човечки ресурси, обезбедуваме квалитетен раст и развој на децата од предучилишно образование.
👉Се уверивме дека условите во оваа градинка се одлични и целосно ги задоволуваат стандардите за објекти за згрижување на деца.
👉Градинката е подновена со нова фасада, кров и реновирани простории, инвестиција на Општина Центар, која е пример за грижа за објектите под нивна надлежност.
👉Библиотеката на градинката беше збогатена со детска литература, донација од Министерството за култура.
✅Вложувајќи во децата, вложуваме во нашата иднина!