Пејачката Анастасија Ражнатовиќ веќе го украси својот дом за празниците, а под елката чекаат бројни подароци.
Празничната еуфорија се вселила во домот на пејачката и фудбалерот во Севиља, а се чини дека не штедат пари кога станува збор за купување празнични подароци.
Анастасија на својата приказна на Инстаграм сподели како изгледа нејзината елка откако ја украси. На неа преовладуваат сини и златни украси, а освен тоа Анастасија се потрудила на новогодишната елка да стави и машнички кои ги има во изобилство.
Под елката свое место најдоа и подароците, а овој заљубен пар предизвикаа лавина коментари.
Најголемо внимание привлече скапиот подарок, кој беше спакуван во торба на познатиот бренд Van Cleef & Arpels, чии ланчиња чинат по неколку илјади евра.
Поврзани објави
Следбениците веднаш се посомневале дека токму тоа е подарокот што Гудељ и го купил на својата сакана. Покрај подароците, око на многумина им привлекоа и ликовите на Исус Христос и Богородица кои се наоѓаа под елката.
Фото: printskrin Youtube/K1 Televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: