Почетна ЕкономијаТрамп ја отстрани шпанската верзија на веб-страницата на Белата куќа

Трамп ја отстрани шпанската верзија на веб-страницата на Белата куќа

од nenad
1 минути читај за

22/01/2025
ВЕСТИ, СВЕТ


Неколку часа по положувањето заклетва на Доналд Трамп како претседател на САД, неговата администрација ја отстрани шпанската верзија на официјалната веб-страница на Белата куќа.

Корисниците кои се обидуваат да пристапат до шпанската верзија на веб-страницата добиваат порака за грешка („Error 404“), што укажува дека страницата повеќе не постои или е недостапна.

Дополнително, опцијата со назив „Go Home“ (Врати се на почетната страница) ги пренасочува корисниците на страница со видеа од Доналд Трамп за време на неговата прва година како претседател и за време на неговата кампања.

ссм/фото: принт скрин .

Извор: МИА