Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пристигна во Кралството Саудиска Арабија, од каде што ќе ја отпочне својата обиколка низ три држави од Заливот.
На аеродромот во саудискиот главен град Ријад, Трамп беше топло пречекан од саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, со кого понатаму ќе одржи разговори.
По Саудиска Арабија, Трамп планира да ги посети Катар и Обединетите Арапски Емирати. Во текот на неговата турнеја низ регионот, Трамп се надева дека ќе постигне комерцијални договори и инвестициски заложби.
Ќе бидат разгледани и политички прашања, како што се Иран и Газа. “ссм/фото: ЕПА”. Извор: МИА