Почетна ЕкономијаТрамп повторно му порача на Иран: Истекува времето, побрзајте или нема да остане ништо

Трамп повторно му порача на Иран: Истекува времето, побрзајте или нема да остане ништо

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно упати предупредување кон Иран, нагласувајќи дека доколку неговите челници не преземат конкретни дејствија во најкус можен рок, од земјата нема да остане ништо.

„Истекува рокот за Иран и подобро е да побрзаат, инаку нема да остане ништо од нив. Времето е клучно“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.

Ова следува откако вчера на истата платформа објави видеозапис, наводно, како тој дава наредба за воен напад врз ирански авион. Во снимката се прикажува американски воен брод со американско знаме како соборува авион со иранско знаме, придружено со клип од Трамп како вели: „Добро, го имаме на нишан. Оган – бум“.

На почетокот од оваа седмица, Трамп ја отфрли најновата мировна иницијатива на Иран како неприфатлива. Тој истовремено отворено говореше за штетите кои американската армија веќе ги нанела во Иран, како и за целите кои биле поштедени, но би можеле да бидат повторно разгледани.

сд/Фото: Truth Social
Извор: МИА