Познатата песна „Ѓурѓевдан“ има длабоки корени во трагичната историја на Сараево.
Песната „Ѓурѓевдан“, која ја изведува Горан Бреговиќ, е една од најпопуларните и најслушаните песни на Балканот. Меѓутоа, зад нејзината весела мелодија се крие трагична приказна. Според сведочењето на историчарот Жарко Видовиќ, песната е „родена“ во возот на смртта кој на 6 мај 1942 година патувал од Сараево за Јасеновац.
Во возот биле затворени стотици Срби, меѓу кои и членови на културно-уметничкото друштво „Слога“. Во услови на безнадежност и страдање, еден од затворениците, изразувајќи горчина и пркос, започнал да пее:
„Пролеће на моје раме слеће, Ђурђевак зелени, свима осим мени, Ђурђевдан је!“.
Поврзани објави
Оваа песна станала симбол на болката, но и на отпорот на српскиот народ во време на најтешките моменти. Горан Бреговиќ ја објавил песната со својот бенд, што довело до нејзиното ширење и популарност.
Денес, песната „Ѓурѓевдан“ се пее на многу прослави и настани, но малку луѓе знаат за нејзиното трагично потекло. Таа останува сведоштво за страдањата и отпорот на народот во време на војна.
printskrin Youtube-FACE HD TV