Иако од тогаш поминаа десет години…
Смртта на Шабан Шаулиќ остави голема празнина во срцата на сите кои го познаваа и ја сакаа неговата музика, а денес преовлада тагата, бидејќи кралот ќе наполнеше 73 години.
По тој повод на социјалните мрежи се огласи поранешната учесничка на Ѕвездите на Гранд, Марина Станкиќ која објави видео на пејачот со емотикон со скршено срце.
Иако од тогаш поминаа десет години, пејачката истакнува дека често се сеќава на зборовите на Шабан.
Поврзани објави
Во првите два круга ги имавме тие ѕидовите и не можеа да видат кој пее. Тој ѕид ме правеше нервозна, немам поим зошто. За мене беше исклучително голема чест и привилегија да пеам пред сите тие луѓе, особено пред Шабан Шаулиќ. Некако во текот на целиот натпревар испадна дека сум миленичка на Шабан, но не во смисла дека имав каква било заштита. Не го криеше задоволството што слуша како некој убаво пее, не само за мене, туку воопшто. Имаше многу добри вокали, мојата сезона беше навистина добра“ – изјави неодамна Марина, а потоа додаде:
Се сеќавам на полуфиналето кога имав максимум по десет поени од секој член на жирито и среде песна Шабан се врти и рече: „Па, таа знае да пее и тоа за мои стандарди“.
Фото: Инстаграм / принтскрин
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: