Почетна СветТошковски во Пустец: Грижата за македонците надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса

Тошковски во Пустец: Грижата за македонците надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса

од nenad
1 минути читај за

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, присуствуваше на фолклорниот фестивал „Преспа 2025“ во Пустец, каде што уште еднаш беше потврдено колку е силна врската меѓу Македонија и македонската заедница во Мала Преспа.

Фестивалот беше вистински пример за тоа како се чува јазикот, културата и идентитетот. Средбата со луѓето од Пустец испрати важна порака дека грижата за македонските заедници надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса.

Продолжуваме и понатаму со конкретни активности во насока на градење на вистинско партнерство со нашите заедници надвор од Македонија“, порача Тошковски по случувањето.

Извор : vesnik-ilinden.com

Тошковски во Пустец: Грижата за македонците надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса