Колони возила со вклучени ротации “летаат” во Грачаница, град во цецнтралниот дел на Косово, информираат дел од тамошните медиуми кои споделија и видео од возилата во градот.
Според последните информации северот на Косово од засега непознати причини останал без струја. Најпрво информациите од тамошните жители беа дека струја нема во целиот северен дел, но потоа пристигна информација дека без струја останала само Митровица, додека Звечан, Сочаница, Лепосавиќ, Зупче имаат струја.
Дополнување: Според последните информации северот на Косово останал без струја поради дефект на трафостаница. Локалните медиуми апелираат да не се шири паника.