Почетна Убавина и здравјеТоа што го прави познатиот милијардер е шокантно! – Убавина и здравје

Тоа што го прави познатиот милијардер е шокантно! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Сесил Чао, ексцентричен милијардер од Хонгконг, го шокира светот пред 10 години кога му понуди 65 милиони долари на оној кој ќе се ожени со неговата ќерка!

На повикот на Чао се одѕвале илјадници и илјадници мажи. Но никому не му било јасно зошто би го „подмитувал“ идниот зет, со оглед на тоа што ќерка му е многу образована, успешна деловна жена со авантуристички дух, која има и пилотска дозвола, а и многу е убава.

Сесил Чао му ветил 500 милиони хонгконшки долари (околу 65 милиони долари) на оној кој ќе се ожени со неговата миленичка Џиџи. Освен тоа што сите се шокирале од овој срамен и понижувачки предлог на еден татко, се запрашале и каде е проблемот што пребогатата Џиџи нема маж и зошто нејзиниот татко очајно сака зет.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Со оглед на тоа што поради необичниот оглас се кренала голема медиумска прашина ширум светот, Џиџи била принудена да се огласи и да му открие големо признание на целиот свет. Практично со три збора ја објаснила сржта на целиот проблем – таа е лезбијка.

Џиџи во отворено писмо го замолила татко ѝ да ја прифати нејзината сексуална ориентација и да ѝ укаже на нејзината партнерка „почит достојна за секое човечко суштество“.

Џиџи му порачала на татко ѝ дека сакала да го направи среќен како негова ќерка, но дека неговите идеали и нејзиниот реален живот не се во складност.

„Кога станува збор за љубовта, твоите желби за мене и мојата реалност, едноставно не се поклопуваат“, напишала Џиџи.

Му се извинила што можеби го навела да си помисли дека е во лезбијска врска затоа што не си нашла соодветен маж во Хонгконг.


Поврзани објави

„Има многу добри мажи, но тие едноставно не се за мене“, напишала таа.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб
Понудата сè уште важи, но…

Трогнат од јавното признание на ќерка му дека е лезбијка, но и од нејзиното емотивно обраќање, Сесил ја повлекол понудата.

„Ако Џиџи така одбрала, тогаш приказната е завршена“, рекол Чао.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб

Иако се откажал од понудата, милијардерот и понатаму го изразува незадоволството од љубовниот избор на ќерка му.

„Не можам да кажам дека сум среќен поради нејзиниот избор. Ако тоа е нејзиниот пат, нека биде така, но јас не го поддржувам“, рекол тој.

Во интервјуа, Чао неколку пати нагласил дека финансиската понуда за идниот зет веќе не важи. Сепак, додал дека не се откажал целосно од таа идеја и посочил дека понудата важи само ако Џиџи се премисли.

ФОТО: Јутјуб