Почетна Убавина и здравје„Ти си нашето златно дете, а и блесав си за медаља“ – Убавина и здравје

„Ти си нашето златно дете, а и блесав си за медаља“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Симпатичниот Дарен, синот на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка, денеска полни шест години.

По тој повод, музичката ѕвезда објави неколку семејни фотографии со кои му го честиташе роденденот.

„Среќен роденден љубовче мамино. Не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш. Ти си нашето златно дете. Хана е најсреќна што те има баш тебе за нејзин брат. А и блесав си за медаља. Денес е твој ден. Биди ми здрав и жив“ – ова се слатките пораки кои Тодевска ги напиша на секоја од фотографиите.


Поврзани објави

Да потсетиме, Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски – Мачка стапија во брак во 2015 година, а минатата година ја објавија веста дека се разделуваат. Тие имаат две деца – седумгодишната Хана и петгодишниот Дарен.

Сега е во врска со архитектот Лука Радовиќ.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин