Почетна Убавина и здравје„Ти си мојата сила и мојот двигател“ (ФОТО) – Убавина и здравје

„Ти си мојата сила и мојот двигател“ (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Водителката сподели семејни спомени од неговото детство, но и понови моменти од нивните патувања и заеднички излегувања.

Водителката Лила Филиповска му го честиташе роденденот на својот син единец Филип со емотивна објава на социјалните мрежи. Таа сподели серија фотографии, меѓу кои и ретро моменти од неговото детство, но и понови заеднички фотографии од патувања, излегувања и прослави.

Иако Филип не сака да биде во центарот на вниманието, тој често е покрај својата мајка и ѝ е голема поддршка. Двајцата се поврзани и преку љубовта кон музиката, а Лила откри дека имаат ист хороскопски знак и дека уживаат во многу заеднички нешта кои им го разубавуваат секојдневието.

Во честитката, водителката напиша дека за неа Филип секогаш ќе остане „моето дете“, без оглед на тоа колку години ќе поминат. Таа му порача дека е нејзина сила, заштита и мотив, а посебно емотивен момент е нејзината благодарност што токму неа ја избрал за мајка.


Поврзани објави

 

Фала ти што ме избра за твоја мајка и што никогаш не ги изневери моите очекувања“, напиша Лила, посакувајќи му среќен роденден на својот син и нарекувајќи го својата „љубов безусловна“.

Screenshot Instagram – Screenshot youtube