Почетна Убавина и здравје„Ти благодарам љубов моја“ – Убавина и здравје

„Ти благодарам љубов моја“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Новата 2026 година започна со многу љубов, емоции и убави изненадувања во домот на Сања Николиќ и нејзиниот сопруг Слаткар. Поранешната мисица и сопруга на еден од најпознатите македонски артисти приреди навистина посебно новогодишно изненадување за својата посилна половина.

Главниот подарок беше модерен звучник – совршен за еден музичар, но Сања не застана тука. Таа му подари и нешто многу поемотивно и лично – персонализирана бела шоља за кафе, на која со син фломастер беа испишани стихови од неговиот голем хит „Насмевка“. Мал, но симболичен подарок што носи големо значење и потсетува на љубовта, поддршката и заедничкиот пат.

Поврзани објави

Среќниот пар сподели фотографии од подароците на социјалните мрежи но и топли семејни моменти кои ги воодушевија следбениците. Слаткар на Сања и се заблагодари со зборовите „Фала ти љубави“

На фотографиите се појавува и нивниот 5-годишен син Моша, кој е вистинската круна на нивната љубов.

Со насмевки, прегратки и семејна хармонија, Сања и Слаткар уште еднаш покажаа дека најубавите подароци се оние што доаѓаат од срце

Фото: Инстаграм Принтскрин