Почетна СветТирана меѓу 5-те најекономични дестинации во Европа за есен

Тирана меѓу 5-те најекономични дестинации во Европа за есен

од nenad
2 минути читај за

Септември и октомври често се сметаат за „средна сезона“ за патувања и одмори. Иако бројот на туристи во овој период има тенденција да опаѓа поради враќањето на луѓето на работа и училиште, патниците можат да најдат одлични понуди во овој помирен период од годината.

Престижната британска платформа „Yahoo UK“ објави листа со пет европски градови со прифатливи цени кои вреди да се посетат во овој период, а на првото место го стави главниот град на Албанија – Тирана.

Од „Yahoo UK“ истакнуваат дека, иако дел од луѓето во овој период се враќаат на работа и на училиште, есента е идеално време за истражување на некои од најубавите европски градови, кои тогаш се помирни и без големите гужви карактеристични за летната туристичка сезона.

Албанија е еден од најголемите и најбрзорастечките туристички пазари во Европа, па нејзиниот главен град Тирана станува сè попопуларна дестинација меѓу туристите.

Градот нуди бројни познати и интересни места за посета, каде што се мешаат модерната култура и урбаниот живот со уникатното комунистичко и османлиско историско наследство.

Експертите на „Yahoo UK“ како почетна точка за истражување на Тирана го препорачуваат плоштадот Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, главниот плоштад во центарот на градот, кој е достапен за посетителите во секое време.

Потоа, туристите можат да го посетат поранешниот кварт „Блок“, живописна и динамична населба исполнета со бројни кафулиња и ресторани.

За оние кои сакаат да уживаат во најубавите панорамски погледи кон Тирана, од „Yahoo UK“ препорачуваат посета на Националниот парк „Дајти“. Планината Дajти нуди бројни можности за уживање во природата, но и во локалната гастрономија.

Токму комбинацијата од прифатливи цени, богато културно наследство, природни убавини и помалите гужви во есенскиот период ја прави Тирана атрактивна дестинација за патниците во септември и октомври.


Post Views: 29

Извор : vesnik-ilinden.com

Тирана меѓу 5-те најекономични дестинации во Европа за есен