Почетна ЕкономијаТирана го презеде претседавањето со Б40, мрежа на градовите од Балканот

Тирана го презеде претседавањето со Б40, мрежа на градовите од Балканот

од nenad
1 минути читај за

– Албанската метропола, Тирана, официјално го презеде претседавањето со најголемата мрежа на балкански градови Б40.

На самитот што се одржа во главниот град, на кој учествуваа градоначалници и делегации од 54 балкански градови, првиот човек на општина Тирана, Ерион Велиај рече дека сега е време за соработка како никогаш досега.

За градоначалникот Велиај, ова „ново украсување е важен настан за главниот град“. -Б40 е најголемата мрежа на општини во нашиот регион. Станува збор за повеќе од 50 општини.

Посветеноста на градовите е исто толку важна како онаа на државите. Третото претседавање е на Тирана и верувам дека ќе успееме на предизвикот што го имаме.

Потребата да се учи еден од друг, потребата да се координираме за фондовите на ЕУ е неопходна, рекол Велиај за ABCNews. al.

Ја нагласил потребата од посебни средства со кои општините треба располагаат за справување со елементарните непогоди и додал дека треба да има солидарен фонд за сите општини од регион во случај на катастрофи.

Според него, големите градови треба да бидат во чекор со времето кога е во прашање новиот ветер на дигитализмот.

-Тирана не е најбогатиот град во регионот, но можам да кажам дека е еден од најсолидарните градови во регионот.

Тоа е град кој одговара на потребите, со исто достоинство како што се справивме со пандемијата, земјотресот, веруваме во добрососедство.

Друг предлог е да се подготвиме за новиот ветер на дигитализацијата, рече Велиај.

Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) е формирана на Самитот одржан на 29 и 30 ноември 2021 година во Истанбул, Турција, додека вториот во Атина, Грција кон крајот на јануари минатата годна.

Мрежата работи на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата на Балканот. вт/ссм/Фото: Велиај ФБ .

Извор: МИА