Почетна ЕкономијаТАВ Македонија инвестираше 12 милиони евра во модернизација на ГОБ „8 Септември“

ТАВ Македонија инвестираше 12 милиони евра во модернизација на ГОБ „8 Септември“

од nenad
1 минути читај за

На свечен настан во Градската општа болница Градска општа болница „8 Септември“ беше промовиран целосно реконструираниот и модернизиран оперативен блок, реализиран со инвестиција од 12 милиони евра од страна на ТАВ Македонија.

Во своето обраќање, претставникот на компанијата истакна дека проектот претставува значаен чекор напред во подобрувањето на јавното здравство во земјата и потсети на лично искуство како пациент во оваа болница, нагласувајќи ја посветеноста и професионалноста на медицинскиот персонал.

„За мене претставува голема чест што денес сум дел од овој настан, кој за нас претставува значаен чекор напред во подобрувањето на јавното здравство во земјата“, беше посочено во говорот.

Со инвестицијата, болницата доби целосно реконструиран оперативен блок со вкупна површина од 4.334 квадратни метри. Проектот опфаќа седум специјализирани операциони сали, оддел за интензивна нега, административни канцеларии, нова кровна конструкција, како и оддел за патологија и клинички лаборатории со придружни простории.

Посебно беше нагласено дека сите операциони сали и простории за интензивна нега се опремени со најсовремена медицинска опрема и се усогласени со најновите медицински стандарди и препораките на Светска здравствена организација.

Од ТАВ Аеродроми, која е дел од француската групација АДП, порачаа дека нивната одговорност не завршува само со инвестиции во аеродромската инфраструктура, туку и со активен придонес кон заедницата и развојот на општеството.

„Веруваме дека секој пациент заслужува достоинствени услови за лекување, а секој здравствен работник заслужува современи услови за работа“, беше истакнато на настанот.

На крајот од обраќањето беше изразена благодарност до Владата и Министерството за транспорт за партнерството и поддршката во реализацијата на проектот.