Почетна Убавина и здравјететка Маре ме суди, а г-ѓа Марта ме величи, шета куче место дете – Убавина и здравје

тетка Маре ме суди, а г-ѓа Марта ме величи, шета куче место дете – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

„Ќе бегаш и ќе се криеш од луѓето“, така често викаше покојната ми баба и ако добро размислам во право било, но само контекстот го згрешила…

Годините врват, а Провинцијалецот во големиот град наречен Скопје се повеќе се чувствува како дома. Автобусите веќе не се ноќен кошмар, кругот на познаници, дел приватни дел службени, голем, а живеачката повеќе од одлична. Провинцијалецот кој пред нешто повеќе од десетина години и кажа збогум на Провинцијата сега и се враќа ретко, не затоа што не може, туку како да не сака… И некој Пеер брат тука веднаш ќе се запраша па како тоа е можно, зошто не би сака?

Да живееш во Провинцијата е исто како да живееш во големо семејство во кое секој на некого нешто му забележува, го следи како и каде нештото го прави. Не може да си од Провинцијата, а тетка Маре 10 пати да не те сретне во денот. Неа не ја мрзи и 100 пати да оди до продавница, до комшивката и во двор да си пијат кафе, да си наводнува два реда домати и така натаму до бескрај. И тука се наметнува прашањето па што има тука лошо. Лошото е што таквите како тетка Маре не се ендемски туку автохтон вид. Ги има буквално на секој чекор, на секоја педа. Тие ти судат кога, каде, со кого и како се дружиш, што е долично, а што недолично облекување, како треба да изгледаш, дали си слаб или дебел. Тие типови на тетка Маре знаат за секого се и сешто, дури и тоа што самиот не го знаеш за себе. По некоја тетка Маре е вработена во некоја јавна администрација, а во канцеларијата се неколку комшивки, дека гратчињата во Провинцијата се небаре Лондон. И така тоа што го пропуштиле преку ограда в маало да си го кажат за тебе ќе го довршат на работа. Мало место, а никој не доаѓа, но тие мораат работно време да испочитуваат. И токму тие неколку „функционери“ во Провинцијата ако не си т.н директорско дете ќе те шуткаат се додека не стигнеш во големиот град. Никогаш нема да бидеш дел од училишна или каква и да е манифестација, никогаш нема да одиш на натпревари, никогаш нема да одиш било каде само затоа што не си дете на како што се вели во Провинцијата на некој и нешто. Не затоа што немаш квалитети, напротив си многу подобар од нивните деца, за жал твои врсници. Никогаш ти нема да добиеш улога на истакнатост, бидејќи твоите нема да можат „да се оддолжат“. Во Провинција не можеш да имаш миленик кој ќе го чуваш дома. Не возможно е да имаш куче или мачка која живее со тебе под еден кров, уста нема да затворат тетка Маре и пријателките. Ќе те судат, дури и во лице ќе те прашаат дали си нормален… И така годините врвеа и дојде време на нешто пред полнолетството да си ги спакувам куферите и да се доселам во метрополата. Образованието беше само добра причина…

Провинцијалецот не можејќи да го поднесе сето тоа тргна да се бори и да си бара свое место под сонцето, а ти Пеер брату си остана во метрополата и уво не те боли. Си велиш па немам потреба да мигрирам, јас ја немам тетка Маре. Дири и да ја има таа не ме знае, не ме познава ни соседот од другиот стан, а не пак влез… Е и затоа си таков, ќе ти речам. Не дека мене многу ми е важно нивното мислење, туку желбата да си докажам сам на себе дека ќе бидам прв во градот, иако ме сместуваа последен во селото… Денес не само што сум еден од првите во метрополата, туку и во државата во својата струка, или што викаше царот од моето детство, Колозов: „Мајстор над мајсторите на својот занает“ некако сите почнаа метании да ми чинат. Тебе Пеер брату никој ни ти „ѕирка“ под фустан, ниту те величи, што некој би рекол дека е и добро, па може е и така.

Големиот град ги остари желбите на Провинцијалецот, не затоа што е само Провинцијалец туку затоа што „СОБИРАШЕ СЕНО ВО 3 НА ПЛАДНЕ“ и знаеше дека „ЏАБЕ ЈАЈЦА, БЕЗ ПЕТЕЛ НЕМА ПИЛИЊА“.

Поврзани објави

Сега кога и да се вратам на адресата по лична карта некако сите како метании да ми чинат. Тетка Маре е најљубезната жена што постои, или барем така би требало да изгледа нејзиното однесување кон мене. Повеќе никој не ми суди зошто мојот крзнен другар го чувам дома кога сум во Провинцијата, добро има и по некој тврдокорен автохтон вид на тетка Маре кој знае да те гибне за нешто што најмалку треба: женачка/мажачка, дете, слаб или дебел… Токму таквите ги празнат Провинциите, ги бодрат перспективните Провинцијалци силно да летнат со крилјата. Таквите автохтони видови ја бојат Провинцијата во провинција.

Но Провинцијалецот сега е човек со широк видик, до него не допира довикнувањето на тетка Маре, затоа што тој доволно се восхитува на едно доброутро на г-ѓа Марта. Таа не му суди кој е, чив е и од каде е. Таа го респектира професионализамот на Провинцијалецот. Никогаш нема да впери прст во него само затоа што не е „директорско“ дете и од Провинцијата се доселил во градот на градовите во државата од не цели два милиони жители.

Тетка Маре или г-ѓа Марта?

Пишува: Провинцијалецот

Фото: pexels