Почетна ТехнологијаТелото на Фатон Хајризи од Србија пренесено на Косово

Телото на Фатон Хајризи од Србија пренесено на Косово

од nenad
1 минути читај за




Автомобил со посмртните останки на Албанецот Фатон Хајризи, кој беше ликвидиран кај Лозница во Србија, откако претходно го уби српскиот полицаец Никола Крсмановиќ и рани уште еден полицаец пристигна во Косово, пишува Коха. Адвокатот на семејството на Хајризи, Аријанит Кочи рече дека го исполнил ветувањето дека телото ќе го донесе на Косово.

„Ветив дека ќе го донесам телото. Мисијата е добро остварена. Јас сум многу уморен. Телото е предадено на Институтот за судска медицина, на обвинителот и на косовската полиција. Сега овие институции продолжуваат со понатамошни процедури. Она што сум запознаен дека ќе има дополнителни истраги, тоа е одговорност на обвинителот. Сите документи што ги имав ги доставив до нашето обвинителство, во полиција, така што имавме одлична координација. За сето ова многу ни помогнаа канцеларијата на Косово, министерот за надворешни работи и косовското МНР“, рече Кочи.