Популарната водителка деновиве ги истражува убавините на Виетнам каде што ја „зафати“ лошо време.
Лила Филиповска деновиве ги изненадува своите многубројни следбеници на Инстаграм со прекрасни видеа од Виетнам, каде што ужива во забавно друштво и пријателите од Turkish Airlines.
Очекувано кога станува збор за популарната водителка, нејзините видеа снимени на оваа егзотична дестинација изобилуваат со прекрасни пејзажи и информации за далечната земја, за многумина и недостижна, а толку вредна да се посети и доживее.
Поврзани објави
Судејќи од приложеното, поголемиот дел од деновите биле дождливи поради циклонот што го зафати Виетнам, но дека по дождот доаѓа сонце сведочи најновата фотографија што огреа на инстаграм-профилот на Лила.
Тајфунот ги однесе облаците и ни донесе сонце. Уште еднаш се докажа дека не секогаш бурата доаѓа да ти го уништи животот, туку да ти го расчисти патот“, порача водителката во описот на фотографиите, кои дефинитивно им ги избркаа облаците на нејзините следбеници и им го разведрија денот, а еве зошто:
Фото: Инстаграм @lilafilipovska