Почетна ТехнологијаТајван регистрирал засилување на кинеските воени активности – МАКТЕЛ

Тајван регистрирал засилување на кинеските воени активности – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Тајванското Министерство за одбрана соопшти за зголемена воена активност на Кина во текот на вчерашниот ден, јавија британските медиуми. Островот, што Кина го смета за своја територија, вчера соопшти дека кинеската војска создала зона за „вежбовни стрелби“ во југозападниот дел на Тајванскиот теснец, во близина на главните крајбрежни центри на население Гаосинг и Пингтун. Тајванската влада веднаш го осуди потегот како опасен, провокативен и закана за летовите и превозот, додавајќи дека не била известена за вежбата. Кинеската страна сè уште не излезе со коментар за ова спорно прашање.

Во своето секојдневно утринско ажурирање за кинеските воени активности од претходните 24 часа, тајванското Министерство за одбрана соопшти дека околу островот идентификувало 45 кинески воени авиони и 14 поморски бродови, вклучувајќи и седум бродови во декларираната кинеска зона за вежбовни активности, на 40 наутички милји од Тајван. Во придружната мапа, тајванското министерство ја покажа локацијата на областа за вежбање, за која рече дека се протегала на 70 наутички милји должина и 20 наутички милји широчина, иако е надвор од територијалните води на Тајван.