Мајката на Дарко, Бранка Лазиќ неодамна блесна на свадбата на нејзиниот син, а многумина се прашуваа од каде оваа промена. Се чини дека одговорот е – ново момче со кое Бранка ужива, што драстично се одрази на нејзиниот изглед.
Драган и Бранка се познаваат со години, но подобро се запознале преку Фејсбук.
Поврзани објави
Бранка и Гага прво почнаа да се дружат, се познаваат долго време, но убава романса се роди дури сега. Тешко ѝ беше бидејќи пред две години го загуби сопругот, а Драган ѝ беше голема поддршка. Тој е разведен, татко е на пет деца и живее помеѓу Србија – Франција – Холандија. Го познаваат и Дарко и вториот син на Бранка, Драган. Новиот партнер на Бранка е сопственик на апартмани на Златибор, но има и други бизниси, па таа навистина ужива да биде со него – вели извор близок до мајката на српскиот фолкер Дарко Лазиќ.
Во меѓувреме, Бранка ја потврди врската со бизнисменот Гага за српски Телеграф.
„Среќна сум и исполнета после долго време“, им рекла таа на новинарите.