Почетна СветТаравари пред состанокот на претседателството: Се уште немаме понуда

Таравари пред состанокот на претседателството: Се уште немаме понуда

од nenad
1 минути читај за

Алијанса на Албанците го почна состанокот на претседателство на кој ќе се носи конечната одлука за тоа дали партијата ќе влезе во владата на Ковачевски и ќе го засили мнозинството со дополнителни 8 пратеници.

Неофицијалните информации се дека мнозинството членови на партијата се за влез во владината коалиција. Сепак, лидерот Таравари пред состанокот не сакаше да ја прејудицира одлуката.

– Да видиме како ќе одлучи претседателството. Мојот личен став ќе го соопштам од кога ќе ги чујам сите размислувања , рече Таравари.

Сепак тој потврди дека вечерва ќе се формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема.

– Нема понуда. Да, ќе формирaме преговарачки тим – рече тој.

Инспирирано од: infomax.mk